Машиновозач пронашол мртов маж кај железничката станица во Велес

336

Тело на маж било пронајдено кај железничката станица во Велес.

Како што јави МВР, телото вчера го здогледал машиновозач додека сообраќал со товарен воз на релацијата Гевгелија – Скопје.

Полициските службеници кои излегле на местото, утврдиле дека станува збор за маж на возраст од околу 50-60 години, кој најверојатно претходно бил прегазен од воз.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено на обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.