Масовна тепачка во скопскиот аквапарк

602

Во скопската полиција во попладневните часови на 20 август била пријавена тепачка во аквапаркот при Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Како што информираат од МВР, јавниот ред и мир бил нарушен со физичка пресметка меѓу тројца скопјани на возраст од дваесетина години, од една страна, и група од седум лица на возраст од 19 до 25 години, од друга.

Учесниците биле приведени во Полициската станица Карпош и направени се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.