Манијак се самозадоволувал пред малолетни девојчиња во Карпош

1292

Непознат маж на возраст од околу 45 години, синоќа се самозадоволувал пред три малолетни девојчиња пред влез на зграда на улицата Лондонска.

Случајот во Секторот за внатрешни работи Скопје го пријавил Г.Ц.(42), татко на едно од девојчињата.

Како што се вели во полицискиот билтен, синоќа околу 22,45 часот на улицата “Лондонска“ додека седеле пред влез од зграда, на трите девојчиња сите на возраст од 16 години им пришло непознато лице на возраст од околу 45 години и почнало да им поставува прашања. Во еден момент лицето го откопчало патентот на пантолоните и почнало да се самозадоволува пред нив. Тогаш девојчињата избегале во влезот на зградата, а лицето со велосипед го напуштило местото на настанот.

Се работи на целсоно расчистување на случајот.