Малолетници предизвикале пожар во училиште во Кисела Вода

150

Двајца 11-годишни малолетници признале дека предизвикале пожар во спортска сала во основно училиште во Кисела Вода. Тие запалиле два душека за вежбање во салата, а потоа со вода го изгаснале огнот.

Вчера, во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека настанал пожар во мала спортска сала од основно училиште по што екипа од Бригадата за противпожарна заштита излегла на местото, но немало потреба од интервенција бидејќи пожарот веќе бил изгаснат.

Увид извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.