Малолетник со мотоцикл удрил во полицајка

267

Седумнаесетгодишно момче од Виница со мотоцикл удрило во полицајка, која му дала знак да запре.

Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против 17-годишник од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

На 13 мај на улица Тодосија Паунов пријавениот со мотоцикл удрил полициска службеничка која извршувала службени дејствија, односно му дала знак да го запре мотоциклот.