Малолетник со автомобил усмртил пешак и избегал

181

Седумнаесетгодишник со автомобил прегазил пешак во Скопје кој починал на самото место.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, кога автомобил „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Скопје, удрил во пешакот С.С.(38) од Скопје.

Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот избегал, но набргу потоа бил пронајден.