Малолетник пукал во куче, погодил друго момче

360

Шеснаесет годишно момче од скопското село Бојане вчера било рането со огнено оружје, по што било донесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Инцидентот се случил во селото Копаница.

Во врска со настанот уапсен е 16-годишник од с. Копаница, Скопско, за кој било пријавено дека пукал во куче, но го погодил малолетникот. Пиштолот бил пронајден и се преземаат мерки за расчистување на настанот и утврдување на причините за пукањето.