Малолетник прободен со нож во расправија во Чаир

275

Во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ синоќа бил донесен повреден 16-годишник од Скопје.

Според пријавеното во СВР Скопје, на фонтана парк во населбата Чаир, по претходна расправија со две лица, од едното од нив бил прободен со нож.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.