Малолетник прободен со нож во автобус

55

Осумнаесетгодишно момче било прободено со нож во автобус од жител на село Бојане, соопшти МВР.

Момчето било пренесено во градската општа болница „8 Септември“ на лекување.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека станува збор за Ш.М.(18) од село Чајлане, Скопско.

Според пријавеното, околу 15 часот во село Бојане, на автобуска постојка во автобус влегол Ј.Н. од Бојане и со остар предмет му нанел убодна рана во пределот на левата надколеница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.