Македонски алпинист почина во обид да го освои Монт Еверест

1046

Македонскиот алпинист, доктор Георги Петков (63) од Гевгелија, починал во обид да го освои највисокиот врв на Хималаите, Монт Еверест.  Причина за смртта претставува срцев удар.

Петков тргна на походот кон искачување на Монт Еверест на 24 март, со што требаше до крајот на месецот да се искачи на врвот и да стане шестиот Македонец на кој му успеал таквиот подвиг.

Тој бил дел од експедицијата предводена од британскиот планинар Тим Моусдејл.