Македонски автобус се преврте во Србија, повеќе лица се повредени

1213

Македонски автобус околу 10 часот изутринава се преврте во Србија на магистралниот пат Прокупље – Блаце. Крајната дестинација на патниците била Копаоник.

Според првичните информации едно лице е потешко повредено и веќе е пренесено во болницата во Прокупље, а 11-мина поминале со полесни повреди и се хоспитализирани во здравниот дом во Блаце.

Екипите на брзата помош веднаш пристигнале на местото на несреќата. Причините за превртувањето на автобусот не се познати. Тамошните медиуми известуваат дека патот на кој автобусот излетал веќе еден месец се реконструира.