Македонската актерка Адеа Шабани пронајдена мртва

206

Дваесет и пет годишната македонска актерка Адеа Шабани, која исчезна пред повеќе од еден месец во Калифорнија каде што студираше актерство, е пронајдена мртва.

Според информациите на полицијата, Шабани била пронајдена во свежо ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија. Телото било пронајдено минатиот четврток, но жртвата е идентификувана вчера.

Шабани последен пат била видена жива на 23 февруари околу 11 часот, помеѓу булеварот Холивуд и авенијата Френклин, во близина на нејзиниот дом. Влезната врата од нејзиниот апартман, тврдат нејзините пријатели, не била заклучена.

Викендов и момчето на Адеа, 33-годишниот Крис Споц, бегаше од полицијата и си пукаше во главата. Истовремено, медиумите пишуваа дека полицијата има сведок што видел како македонската актерка била насилно турната во багажникот на автомобилот на Крис.

Семејството и полицијата за нејзиното пронаоѓање понуди 25.000 долари.

Шабани пред две години ја напуштила Македонија за да студира актерство во Лос Анџелес.