Маж се обидел сексуално да напаствува две жени во скопски Карпош

592

Во полициската станица Карпош вчера биле пријавени два случаи на жени кои биле нападнати од маж кој сакал сексуално да ги напаствува. Нападите се случиле на улицата „Волгоградска“ во скопски Карпош.

Во 11:30 часот вчера во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител излегол пред неа со спуштени панталони и се обидел и неа да ја соблече. О.К.Л. го истуркала од себе, по што сторителот побегнал во непознат правец.

Во 13:40 часот во Полициската станица Карпош, С.С. (24) од Скопје пријавила дека на истата улица во 13:00 часот, во влез од зграда, непознат сторител ја нападнал одзади и почнал да ја допира по градите и телото. Таа го турнала, по што тој избегал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случаите.