Маж хоспитализиран откако бил претепан од три лица

414

Жител од село Батинци бил физички претепан од три лица, по што е хоспитализиран, соопшти МВР.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 19:20 часот е пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ (Ургентен центар) било донесено лицето Е.И.(27).

Тој во селото бил физички нападнат од лицата Р.С., Ш.А. и С.М.

Лекар во клиниката констатирал тешки телесни повреди кај Е.И., кој бил задржан на понатамошно лекување.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.