Маж почина откако негов колега удрил во него со возило на Комунална

611

Дваесет и осумгодишен маж со иницијали И.М. почина во Батинци откако негов колега удрил во него со возило на Комунална хигиена.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера кога колега на И.М. управувајќи возило на Комунална хигиена Студеничани, додека собирале смет, удрил со возилото во дваесет и осумгодишникот од Батинци кој починал на самото место.

На местото на настанот увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.