Маж повреден од залутан куршум додека работел во нива

182

Педесетгодишен маж од селото Карбинци, Штипско бил повреден од залутан куршум додека работел во нива.

Настанот се случил пред два дена, а мажот бил повреден во пределот на десната натколеница, информираат од полицијата.

Тој бил пренесен во Медицинскиот центар Штип за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.