Маж од Словенија приведен на скопскиот аеродром, се однесувал агресивно со полицајците

209

Вчера на скопскиот меѓународен аеродром полициски службеници го лишиле од слобода Д.Ѓ.(37) од Словенија затоа што се однесувал агресивно и навредувал полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

Од МВР велат дека мажот бил задржан во Полициското одделение Петровец и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.