Маж од Сарај се обидел да го убие својот брат за време на новогодишната ноќ

1139

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице кое се обидело да го убие својот брат за време на новогодишната ноќ во семејниот дом во селото Чајлане, Сарај.

– Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент осомничениот од џебот извадил нож и неколкупати го прободел оштетениот во вратот, нанесувајќи му убодни рани од животозагрозувачки карактер – информираат од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави Предлог за определување мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност тој да се даде во бегство, можност да го повтори односно да го доврши обиденото кривично дело, како и да ја попречува кривичната постапка со влијание врз оштетениот, сведоците и вештаците.