Лица од Косово и Албанија измамиле тетовци и им зеле над 900 илјади денари

499

СВР Тетово поднесе кривична пријава Л.С.(30) од Косово и С.С.(23) од Р.Албанија поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „измама“.

-Во мај, пред две години, пријавените со лажно прикажување на факти довеле во заблуда четири лица од тетовското подрачје, на кои им се претставувале како лица на кои им се потребни парични средства за лекување, посредување за добивање на работни виза или продажба на возила, информираа од МВР.

Од лицата тие одземале пари и не им ги враќале. На овој начин пријавените се стекнале со противправна имотна корист во износ од околу 984.000 денари.