Лазаревски: Првото унапредување го добив во времето на Јордан, а бев деградиран од Сашо Мијалков

150

Со сослушување на еден од клучните сведоци, Ѓорѓи Лазаревски, за незаконското следење на комуникациите, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судското рочиште за предметот „Таргет-Тврдина“ на Специјалното јавно обвинителство.

На прашање на обвинителот Трајче Пеливанов, Лазаревски рече дека во МВР работел од 1987 година, и тоа во Секторот за информативна техника и првото унапредување го добил во времето на Јордан Мијалков, каде подоцна станал и раководител.

– Во 2006 година бев деградиран од овде присутниот тогашен директор на УБК, Сашо Мијалков, рече сведокот Лазаревски.

Објасни дека примал наредби од неформалниот раководител Горан Грујоски, со кого немал нормални односи, а имал жесток мобинг уште од првиот ден на доаѓањето на функција. Груевски, посочи сведокот, му кажал да не се појавува пред Мијалков и да разговара со него за раководното место, бидејќи бил неподобен, а директен претпоставен му бил Небојша Станковиќ.

Сведокот Ѓорѓи Лазаревски е еден од обвинетите во случајот „Пуч“.

Пред судот, Лазаревски објасни дека од неговото разрешување од 2006 година постоел систем за следење на комуникацициите од Израел, наречен „верин“, а претходниот систем бил од 1999 година. Во Петтата управа во 2006 по неговото разрешување процедурата за слушање била преку изготвен документ на оперативец се вклучувало снимањето во системот на сомнителни лица.

Прашан дали имал прилика да знае што се се следи со системот „верин“, Лазаревски рече дека првата година не го погледнувал системот, но потоа добил индикации дека самоконтролата кај колегите е пропуштена и сакал да види како да дознае што има во системот, бидејќи се наоѓал во иста канцеларија и успеал во тоа.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на Мијалков, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Истрагата за предметот „Тврдина“ беше отворена на 29 март 2016 година, а за предметот „Таргет“ на 17 ноември 2016 година, а поради нивната поврзаност се споени во еден предмет. Обвинението е подигнато на 30 јуни 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Сашо Мијалков и Горан Грујовски, заедно со Гордана Јанкулоска и Никола Бошкоски се товарат и за уништување на системот за прислушкување на МВР и интермедијациските уреди на операторите во вредност од 1.418.879 евра, а Валентина Симоновска за фалсификување службен документ