Лажен кум измамил скопјанка за десет илјади денари

834

Седумдесетгодишна жена од Скопје пријавила дека вчера околу 10 часот во дворот од нејзината куќа на улицата „Тодор Чангов“ била измамена за сума од 10.000 денари.

– Измамата сторителот ја извршил на тој начин што откако дошол во домот на оштетената и се претставил како кум на нејзиниот син, и побарал 10.000 денари затоа што наводно камионот му бил на заглавен на царина. Откако му ги дала парите тој го напуштил местото на настанот – информираат од МВР.

Се работи на расчистување на случајот.