Кучињата во Струга настрадале од опасниот отров „ланате“?

628
Фото: Илустрација

Отруени кучиња биле пронајдени на повеќе локации низ Струга, во случајот што ги вознемири тамошните граѓани кои информираа за случувањата. Дел од стружани кои ги однеле кучињата на ветеринар добиле одговор дека тие се отруени со отровот познат како „ланате“. Повеќе отруени кучиња биле најдени на улиците „Маркс и Енгелс“ и „ЈНА“ во Струга, како што велат очевидците.

Отровот „ланате“ всушност е пестицидот „метомил“, од кој еден грам може да убие возрасен човек за половина час. Тој нема мирис, ниту вкус. Отровот ги разјадува органите, а кучињата умираат во страшни маки.

За случајот е известена и Ветеринарната станица, откаде што ги информирале граѓаните дека станува збор за искучително силен отров што делува смртоносно за петнаесеттина минути.

Стружани биле принудени сами ги тргаат од улица лешевите на отруените кучиња, кои умирале во маки, со пена на устата, според очевидците.