Куче влечело дел од човечка нога кај гробиштата „Бутел“

413

Во Полициската станица Чаир вчера околу 19:30 часот било пријавено дека на улицата „Боца Иванова“, на втората капија за влез на гробиштата „Бутел“, од страна на граѓанин било забележно како куче скитник влечело дел од човечко тело (нога).

Како што соопшти МВР, полициски службеници излегле на местото на настанот, а увидна екипа од СВР-Скопје извршила увид.

По наредба на јавен обвинител пронајдениот дел од човечкото тело било предадено во Институтот за судска медицина за натамошно вештачење.