Крушевчанец со измама купил два тона дизел гориво

175

Канцеларијата за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 37-годишниот Ј.Х.(37) од Крушево, поради сомнение за сторено кривично дело „измама во службата“.

Како што информираат од МВР, на 5 април минатата година, пријавениот, при склучување на устен договор за купување на 2.132,96 литри дизел гориво, го довел во заблуда оштетениот Б.Е., на тој начин што му го прикрил фактот дека фирмата купувач од Крушево била со блокирана банкарска сметка уште од 2 септември 2018.

Со тоа крушевчанецот нанел штета во вкупен износ од 130.111 денари.