Кривична против шумар вработен во „Лопушник“ зошто дозволил нелегална сеча

147

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Љ.А.(46) од кичевското село Вранештица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Спроед информациите, тој во периодот јули-август 2019 година, во својство на овластен шумар вработен во ШС „Лопушник“, не извршил преглед во еден шумски пододдел со цел чување од бесправна сеча, со што, на повеќе лица им овозможил нелегална сеча на 183,35 метри просторни дабови дрва, а на правното лице ЈП „Македонски шуми“ му нанел материјална штета од 2.430.225 денари.