Кривична против поранешниот градоначалникот на Македонски Брод

111

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Македонски Брод за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според информациите на МВР, тој на 3 март 2017 година по претходно склучен договор за јавна набавка на услуги помеѓу општина Македонски Брод и фирма од Охрид, исплатил фактура од 277.300 денари на наведеното правно лице, и покрај тоа што истото не ги исполнило обврските од договорот, така што била нанесена штета на буџетот на општина Македонски Брод.