Кривична против битолчанка за малтретирање на сопствените малолетни деца

165

СВР Битола поднесе кривична пријава против А. Ш. (30) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање дете. На 10.5.2020 пријавената во домот физички ги малтретирала своите две малолетни деца нанесувајќи им повреди.