Кривична пријава за ревизорка за непријавување корупција

152

Ревизорка од општина Радовиш заработи кривична пријава за непријавување корупција и измама во постапката за јавни набавки од 2013 година во основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш.

Како што соопшти МВР, Полициската станица Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.К. (36) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“. 

Ј.К. како раководител на Одделение на внатрешна ревизија во општина Радовиш во 2014 година во основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, иако констатирала сомнежи за постоење на кривични дела измама и корупција при постапката за јавни набавки во училиштето во 2013 година, не пријавила кај градоначалникот, ниту пак кај лицето задолжено за неправилности.