Кривична пријава за прилепчанец што зел државен грант за фирма

196

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против извесен Д. С. (38), како и против фирма од Прилеп поради сомнение за сторени кривични дела – измама при добивање кредит или друга погодност.

Како што информираат од МВР, 38-годишникот во текот на 2016 година како невработено лице, со намера да стекне противправна корист, поднел апликација за активна мерка и пријава за користење грант.

По одобрување на апликацијата, основал фирма од Прилеп и склучил договор со Агенцијата за вработување и УНДП по што искористил средства за директна набавка на опрема и материјали во вредност од 185.000 денари на штета на државниот буџет, меѓутоа спротивно на договорот и обврските воопшто не реализирал финансиски трансакции и исплата на бруто-плати, а фирмата по службена должност од страна на Централниот регистар во текот на 2019 година била ликвидирана.