Кривична пријава за повеќе лица од село Лисичани

632

Вчера во 16.30 часот во џамијата„ Абди Бајрајтар“ во село Лисичани, општина Пласница, бил нарушен јавниот ред и мир. Според пријавата на Е.Д. (45), тој најнапред физички бил нападнат од Р.М (47), а потоа и од Ќ.М. (56), С.Д. (29), А.Х. (53) и С.А. (50) сите од село Лисичани.

По целосното документирање на настанот, Полициската станица од Кичево против учесниците во нарушувањето на јавниот ред и мир ќе поднесе соодветна пријава.

З.А.