Кривична за четворица вработени во Министерството за економија

132

Секторот за внатрешни работи на Струмица – надворешната канцеларија за криминалистички работи на Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во градот, поднесе кривична пријава против Џ.К (36), А.К (43), Б.Х ( 36) од Скопје и  Ш.Х(60) од Тетово, поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираше денеска портапролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

– Пријавените на 22 декември 2016 година во службените простории на јавната установа, Министерство за економија, како службени лица, наместо да го зашитат интересот на законите и совесно и правилно да ги исполнуваат службените овластувања, презеле противправни дејствија со искористување на службената положба, издавајќи Лиценца за вршење на угостителска дејност на правно лице од Гевгелија без комплетна документација и одобрение од надлежен орган- рече Рендевска.

Таа додаде дека со преземените  дејствија пријавените ја искористиле службената положба спротивно на  своите  овластувања, за себе  или за друг прибавиле некаква корист, со што нанеле штета на честа и угледот на институцијата во која работат, на буџетот на  Општина Гевгелија и на буџетот на Македонија.