Тетовец измамил сограѓанин за добивање на германска виза

108

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против 30-годишно лице (Е.К.) од село Урвич, тетовско, поради измама.

-Во текот на февруари минатата година во Тетово, пријавениот довел во заблуда 48-годишен маж од тетовско село дека ќе му обезбеди документи за добивање работна виза за него и неговите синови за Германија за што му побарал 400 евра поединечно за секоја виза. Оштетениот му дал 400 евра, а во два наврати на жиро сметка на пријавениот уплатил уште 24.338 денари, но документите не ги добил- соопшти МВР.