Кривична за лице кое со средно образование станало наставник

298

Полицијата поднесе кривична пријава против Џ.Р.(62) и М.Ш.(55), двајцата од селото Матејче и против Т.Е.(37) од селото Ропаљце, општина Липково, поради злоупотреба на службена положба и овластување.

– Џ.Р., поранешен ВД директор на ОСУ „Култура“ од с. Матејче, распишал оглас во 2015 година за пополнување на работно место наставник во подрачно училиште во состав на ОСУ „Култура“, пришто вработил лице кое имало завршено средно образование, на штета на АРМ, која ги исполнувала бараните услови – велат од МВР.

Притоа, како што информираат од полицијата, тој во периодот од 1 септември 2015 година изготвил договор за вработување на определено време со висина на плата од 19.800 денари месечно, кој бил продолжуван до 31 август. По истекување на овој договор, М.Ш., директор на ООУ „Култура“ во с.Матејче, продолжил со изготвување нови договори, почнувајќи од 01.09.2018 до 31.05.2019 за работа во ООУ „Култур“ с. Матејче – подрачно ОУ „5 Октомври“- с.Никуштак, кое е нов правен субјект и нема надлежности за склучување  договори за вработување. Т.Е., в.д. директор на ООУ „5 Октомври“ – с.Никуштак, премолчувајќи го фактот дека неговиот вработен како наставник по одделенска настава бил со несоодветно образование, му дозволил да работи во училиштето, а договорите за вработување на определено време да ги изготвува М.Ш, како директор на друг правен субјект“, велат од полицијата.