Кривична за извршителка од Штип што си префрлила 138.000 денари на сметката

170

Против 46-годишна штипјанка поднесена е кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.

Пријавената, во својство на поранешен извршител именуван за подрачјето на Основни судови Куманово, Крива Паланка и Кратово со седиште во Куманово, во декември, минатата година, во два наврати ја злоупотребила службената положба и овластување.

Како што јави МВР, првиот пат при примање на решение доставено од Комора на извршители на РСМ, за изречена привремена забрана за вршење на должноста-суспензија, пријавената од посебна сметка во банка префрлила 130.000 денари на нејзина редовна сметка во банката, без претходно образложение по кој основ се префрлени овие парични средства.

Неколку дена подоцна, пријавената на ист начин префрлила уште 8.000 денари или вкупно 138.000 денари и за тој износ ги оштетила доверителите на кои по разни основи им легнале овие парични средства на посебна сметка и за кој износ требало да бидат исплатени од пријавената.