Кривична за две лица кои поседувале кокаин

224
Фото: Илустрација

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. Ѓ. (34) од Струга и Д. Л. (17) од село Драслајца, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.

На 03.02.2019 година во Охрид полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од првопријавениот, во кое бил и второпријавениот како сопатник, пронашле и одзеле кокаин.