Кривичен суд: Јане Ченто повторно вратен во притвор

586

На Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието на РМ на 27 април 2017 година, мерката куќен притвор му е заменета со мерка притвор, потврдија за МИА од Кривичкиот суд.

– Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 од МВР е известен дека лицето за кое со решение на Советот е определна мерка куќен притвор не ја почитувал определената мерка заради што Советот ја сменил мерката куќен притвор со  мерка притвор, велат од Судот.

Изутрината околу 8:30 часот полицијата во Прилеп го привела Јане Ченто, еден од осомничените за настаните во Собранието, кој беше во куќен притвор во својот дом на улицата „Цане Коњарец“.