Кривичен демантира дека пасошот му е вратен на Мијалков

296

Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1 не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на Сашо Мијалков.

– Во однос на информациите поврзани со лицето С.М. обвинето во повеќе предмети на СЈО од Основниот суд Скопје 1 информираме дека Кривичниот совет при овој суд воопшто не постапувал по барање за укинување на мерката за претпазливост на посоченото лице и оти информациите пуштени во јавност се апсолутно неточни, појаснуваат за МИА од Основниот суд Скоје 1.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) нема дадено согласност за враќање на пасошот на Сашо Мијалков, информираат за МИА од СЈО.

Инаку, некои од медиумите објавија дека на поранешниот директор на контраразузнавањето Мијалков му е вратен пасошот.