Кратовец прегазен од сопствениот автомобил

725
фото илустрација

Педесет и едногодишен маж загинал синоќа во бизарна несреќа во кратовското село Којково, соопшти полицијата.

Според истиот извор, С.С. (51) бил на гости кај Б.И. од село Којков, тргнал да си оди и влегол во своето возило „застава 750“, го стартувал, но веднаш излегол од возилото и тргнал кон куќата на Б.И. Во тој момент, возилото се придвижило во правец на С.С., го удрило, при што тој починал на местото на настанот.

Полицијата изршила увид.