Кражба во црква во Радиовце

38

Над илјада денари штета била нанесена на црквата „Свети Атанасија“ во тетовското село Радиовце по тешката кражба што засега непознати сторители ја извршиле во неутврден период помеѓу вторник и среда информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Кражбата била пријавен во полиција вчера попладне околу 17 часот и 20 минути од Б.А.(62) од Радиовце.

Сторителите ја извршиле тешката кражба на тој начин што со тврд предмет го скршиле стаклото од влезната врата на црквата по што од фиоките во внатрешноста одзеле околу илјада денари.

По извршениот увид се работи на расветлување на кражбата рече Јосифовски.