Крадци нападнале момче, сакале да му го украдат автомобилот

247

Осумнаесетгодишно момче било нападнато од крадци кои сакале да му го одземат автомобилот.

Од МВР информираат дека вчера во 5.23 часот во Единицата за информации и команда Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив бил донесен Р.Ј. (18) од Скопје кој бил физички нападнат од две непознати лица на ул.„Јужноморавски бригади“ во Скопје.

Р.Ј. забележал дека двете лица се обидуваат да му го одземат неговото патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, по што излегол надвор и тие физички го нападнале, но не успеале да го одземат возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.