Крадци измамиле дедо и му одзеле 5000 евра

203

Скопјанец (76) пријавил во полиција дека две непознати лица го измамиле и му одзеле пет илјади евра.

С.А. (76) завчера во СВР-Скопје пријавил дека тој ден во период од 11:00 до 13:30 часот на ул. „Благоја Стефковски“ две непознати лица го измамиле, при што му одзеле 5.000 евра.

Додека пријавителот се враќал кон својот дом, му се доближило едно лице и му се претставило дека е од Србија и направил сообраќајна незгода со еден Израелец, кој барал да му плати 500 евра.

По кратко време дошло друго лице и се претставило како Израелец и рекол дека жена му била во болница и дека му требале пари за да му плати на лекарот.

Тој му побарал да му даде 5.000 евра само да ги покаже на докторот за да ја лекува неговата жена, а после ќе извадел пари и ќе му плателе на лекарот.

С.А. од банка извадил пари и му ги дал на лицето што се претставил дека е од Израел, а како гаранција му оставил три златника. Откако ги зеле парите заминале и не се вратиле, по што С.А. сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.