Кочан бара одложување на затворската казна поради здравствени проблеми?

499

Бизнисменот Сеад Кочан, наводно, е примен на лекување во болница, во пресрет на 17 јули кога треба да се јави издржување на затворската казна, објавуваат повеќе македонски медиуми. 

Според неофицијални информации, Кочан за својата здравствена состојба го известил и судот, а тој сѐ уште не поднел ново барање за одложување на издржувањето на казната.

Кочан треба да почне да ја издржува затворската казна од четири години и осум месеци за случајот „Труст“, на 17 јули, откако Основниот суд Скопје не ја прифати неговата молба за одлагање на казната.