Контролор на ЈСП со тупаница удрил момче во автобус

771
Фото: Дарко Андоновски

Т.Б. (28) од Скопје вчера пријавил дека контролор на ЈСП го удрил со тупаница додека се возел во автобус со број 15.

Како што информира МВР, настанот се случил попладнето  на улицата „Љубљанска“. Според пријавата, контролорот на ЈСП му побарал билет на Т.Б. и откога го проверил, му побарал повторно да плати карта. Т.Б. одбил и во еден момент контролорот со тупаница го удрил во  пределот на устата.

Полицијата направи записник за констатиран прекршок.