Комбе удри 83-годишна жена во Кичево

42

Осумдесетитригодишна жена од Кичево е тешко повредена откако вчера во неа удрило комбе „Фиат Добло“ на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Комбето го возел З.П.(55) од Скопје.

Жената со тешки телесни повреди била итно пренесена во Медицинскиот центар Кичево, по што била препратена во специјална болница за ортопедија „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево.