Комбе удрило во пешак на влезот на Сарај, возачот побегнал

46

Ноќеска во 00,10 часот на влезот во село Сарај, Скопско, товарно моторно возило марка “Форд транзит“ со велешки регистерски таблици удрило во пешакот К.Н. (65) од село Рашче, по што товарното возило го напуштило местото на настанот.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар при Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Се работи на целосно расчистување на случајот.