Педесетгодишен маж од Кичево бил пронајден починат во семејниот дом со прострелна рана во пределот на градите.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево, при што до починатиот пронајден бил ловечки карабин „чешка зброевка“ кал.7,62мм и една испукана чаура.

По наредба на Јавен обвинител, извршена е обдукција на телото на починатиот, при што констатирано е дека С.А. починал како последица на испукан патрон при ракување со оружјето.

Телото на починатиот по обдукцијата е предадено на семејството.