Кичевец се обидел да го запали сопствениот стан

828
фото: Зоран Антоски

На 26 мај околу 20 часот во полициската станица во Кичево приведен е Б.С. (37).

Тој по претходна расправија со членовите на семејството со истурање на запаллива течност, се обидел да го запали семејниот стан.

По целосно документирање на настанот, против ова лице ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Стефан Димоски од СВР Охрид.

З.А.