Киднапиран охриѓанец, киднаперите барале пари за да го ослободат

1343

Од страна на непознати лица, со патничко возило, вчера бил грабнат 33-годишен охриѓанец, од населбата Рача.

Како што соопшти МВР, во Секторот за внатрешни работи – Охрид случајот бил пријавен вчера во 13.05 часот од страна на братот на грабнатото лице И.П.(29).

Според пријавеното, тој добил порака да даде пари за да биде пуштен брат му.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.