Келнер претепал гостин во скопски ресторан

236

Маж бил претепан вчера од четири лица по вербална расправија во ресторан во Скопје. 

Лицето В.С.(49) од Скопје како гостин во ресторан по вербална расправија со келнерот З.С.(35) физички бил нападнат од него, како и од три лица надвор од ресторанот.

Инцидентот се случил вчера во 17:15 часот во ресторан на улица „Македонија“.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.