Кацарска со двајца адвокати дојде во Судски совет за претставката за разрешување

795

Судијката Добрила Кацарска со двајца адвокати дојде во Судскиот совет за претставката за разрешување. Претставката за разрешување на судијката од Кривичниот суд во Скопје, Добрила Кацарска ја поднесе сопругот на ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, Влатко Илиевски.

Повредите, според претставката, биле предизвикани преку закажување судења кога ексминистерката се наоѓала во ризична бременост со отворено породилно отсуство, како и преку одржување судски рочишта во услови кога Јанкулоска била во постпородилна состојба со двомесечно бебе.

Уставниот суд лани ѝ го отфрли барањето на Јанкулоска за заштита на слободите и правата од Уставот, кои се однесуваат на слична околност, забрана за дискриминација по пол и политичка припадност во остварувањето на правото на мајчинство и правото на породилно отсуство. Јанкулоска беше осудена на шест години затвор за набавката на луксузниот „мерцедес“, а скопска Апелација ѝ ја намали казната на четири години.